Кејт Мидлтон / Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Нови планови: Kаде и со кого Кејт Мидлтон ќе го прослави Велигден

Уште пред неколку дена добро упатени извори од кралското семејство објавија дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе го поминат Велигден со своите деца далеку од очите на јавноста, но остана непознато каде ќе биде тоа.

Познато е дека принцезата од Велс со своето семејство престојува во нивната куќа во Аделаида, како и дека избегнува патувања, со исклучок на неодамнешното одење во Сандрингaм каде што кралот Чарлс се опоравува.

Токму таму, тврдат извори, Кејт и Вилијам со децата планираат да го поминат и Велигден, за да уживаат опкружени со природата и најблиските членови на семејството. Ќе бидат сместени, како и секогаш, во раскошниот Анмер хол и ќе пристигнат со приватен хеликоптер за патувањето да им биде што е можно помалку напорно.

До неодамна се шпекулираше дека Кејт Мидлтонна исто така ќе се појави на велигденската миса, но извори ставија точка на шпекулациите, тврдејќи дека сигурно нема да ја видиме во јавност додека целосно не закрепне, пренесува „Ентертејмент тунајт“.

– Кралското семејство е крајно ранливо во моментов, но бидејќи покажаа дека се луѓе со слабости како и сите нас, тие уште повеќе се почитувани. Сите се толку посветени на своите улоги и мислам дека Кејт, кога целосно ќе закрепне, ќе се врати со уште поголема страст – открил поранешен вработен во палатата.

Но, за разлика од Кејт, кралот Чарлс Трети одлучил да собере сили за да ја предводи велигденската миса, заедно со кралицата Камила, која во последно време ги извршува речиси сите негови должности во јавноста.

Планот е, тврдат извори за „Ентертејмент тунајт“, кралот и кралицата веднаш по церемонијата и краткото дружење со другите членови на семејството да се вратат во Сандрингам, каде заедно со Кејт и Вилијам и нивните деца во мир и заедништво ќе го поминат овој Велигден, оболежан со сериозната здравствена состојба на членовите на семејството.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Од палатата открија зошто Кејт сама ја објавила веста за ракот, без принцот Вилијам покрај себе

ФОТО | Објавена никогаш видена фотографија од Кејт Милдон: Ја покажува принцезата во вистинското светло

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот