Од палатата открија зошто Кејт сама ја објавила веста за ракот, без принцот Вилијам покрај себе

Кејт Мидлтон / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, на 22 март објави видео на Инстаграм во кое соопшти дека боледува од рак. За дијагнозата Кејт дознала по операцијата на абдоменот, на која беше подложена во јануари.

Во јавноста имаше многу шпекулации зошто нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, не бил со Кејт во видеото. Како што се наведува, принцезата сакала сама да ѝ ја соопшти на јавноста својата дијагноза, поради тоа не сакала принцот да седи до неа во споменатата видеоснимка.

– Тоа е порака од принцезата за нејзиното здравје, а таа сакаше сама да ја пренесе пораката – изјавил за „Пипл“ сигурен извор од палатата, кој додал дека принцезата Кејт јасно ставила до знаење дека нејзиниот сопруг цело време ја поддржувал.

– Вилијам е исклучително горд на својата сопруга за храброста и силата што ги покажа не само оваа недела, туку и по операцијата во јануари. Сега повеќе од кога било, тој е фокусиран да се погрижи неговата сопруга да ја има приватноста што ѝ е потребна за целосно да закрепне и неговите деца да бидат заштитени од разбирливиот интерес за вестите што се објавуваат – изјавил понатаму изворот за споменатиот медиум.

Како што рекол изворот од палатата, на Кејт ѝ требало време да ја прифати информацијата дека има рак, а потоа фокусот го префрлила на децата и барала соодветен начин да им ја соопшти својата болест.

– Нејзе и на принцот им требаше време да ја обработат веста, ѝ требаше време да се опорави од операцијата и требаше време да им каже на децата. Тоа беше движечката сила – рекол извор од палатата.

Принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) веќе не биле на училиште за велигденските празници кога палатата го објави претходно снименото видео на Кејт, во кое ја открива дијагнозата.

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

ВИДЕО | Кејт Мидлтон има рак, принцезата е подложена на хемотерапија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот