Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Кејт и Вилијам, Фото: Профимедиа

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам споделија дека биле „силно трогнати“ од изливот на поддршка што ја добиле откако принцезата од Велс ја открила нејзината дијагноза за рак.

Во видео-порака во петокот, Мидлтон откри дека е подложена на превентивен третман со хемотерапија, откако планираната абдоминална операција покажала дека „имало пристство на рак“.

Во саботата, Мидлтон и Вилијам објавија заедничка изјава преку Кенсингтонската палата во која изразија благодарност за добрите желби, пренесува „Фоксњуз“. 

„Принцот и принцезата се енормно трогнати од љубезните пораки од луѓето овде во Британија, низ Комонвелтот и ширум светот како одговор на пораката на Нејзиното кралско височество“, изјавил нивниот портпарол за Ројтерс.

„Тие се исклучително трогнати од топлината и поддршката на јавноста и се благодарни за разбирањето на нивното барање за приватност во овие моменти“.

Мидлтон, која сподели видеопорака за нејзиното здравје откако беше подложена на тешка операција на почетокот од оваа година, не елаборираше за видот на ракот или степенот во нејзината видеопорака. Во нејзиното видео, Мидлтон рече дека нејзината состојба првично се сметало дека е неканцерозна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот