ФОТО | Објавена никогаш видена фотографија од Кејт Милдон: Ја покажува принцезата во вистинското светло

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Фото: Rogers George / Sipa Press / Profimedia

Јавноста во изминативе 15-тина години виде толку многу фотографии од Кејт Мидлтон, во различни изданиеја и на разни настани. А потоа видовме досега невидена фотографија на принцезата од Велс која се бори со ракот, како што соопшти во емотивното обраќање на 22 март, преку видео снимено од Би-би-си.

Таа интересна фотографија, снимена во важен повод, ја објави познатиот актер Мартин Кемп. Глетката кажува многу за сопругата на принцот Вилијам, која деновиве доби огромна поддршка од различни делови на светот.

Невидената фотографија од Кејт Мидлтон ја објави актерот и поп-ѕвезда од 1980-тите Мартин Кемп. На таа фотографија се наоѓаат неговата сопруга Ширли и нивните деца, водителот Роман Кемп и Харли Мун, како и нивниот домашен миленик.

Кејт Мидлтон позирала со четиричленото семејство минатата година кога ги посетила во нивниот дом во Хертфордшир за да сними видео со Роман за својата кампања за поддршка на ран развој на децата, „Шејпинг ас“ (Shaping Us).

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Martin Kemp

„Испраќам толку многу љубов на принцезата од Велс и целото нејзино семејство од Кемп“, напишал Мартин под фотографијата, а голем број луѓе се огласија на неговиот инстаграм-профил за да ѝ упатат на Кејт пораки со поддршка и желби за брзо закрепнување.

Кејт Мидлтон на оваа фотографија е во едноставно модно издание, сосема поинакво од изданието кое го избрала за многу официјални пригоди, но овој стајлинг го отсликува и нејзиниот одличен вкус за мода. Во исто време, во голема мера ја отсликува нејзината желба да има што е можно поедноставен имиџ, што секако отсликува важна карактеристика на нејзината личност.

Кејт Мидлтон ја започнала соработката со Роман по емитувањето на документарен филм на Би-би-си. Кејт го контактирала и се договориле да се сретнат во неговата семејна куќа за да снимат видео за нејзината кампања.

Во тоа видео, двајцата разговараат пиејќи чај, Роман зборувал за своето детство и истакнал дека одгледувањето деца може да биде „многу тешко“ поради трошоците за живот и финансиските тешкотии со кои се соочуваат многумина, а принцезата се согласила со него.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Принцот Вилијам минува низ тешки денови: „Едвај ја преболи смртта на Дијана, а сега неговата сопруга и татко му се болни…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот