Принцот Вилијам минува низ тешки денови: „Едвај ја преболи смртта на Дијана, а сега неговата сопруга и татко му се болни…“

Фото: Profimedia

Оние кои се блиски до принцот Вилијам велат дека тој никогаш не одбил да се соочи со проблемите во животот. Тоа го покажа и на 15-годишна возраст, кога сите погледи беа вперени во него поради смртта на неговата мајка, принцезата Дијана. Сега тој се соочува со уште еден голем предизвик – здравствените проблеми на татко му, кралот Чарлс Трети, и на неговата сопруга, принцезата Кетрин, пишува Ричард Кеј за „Дејли мејл“.

Ричард Кеј е британски новинар кој известува за кралското семејство и се занимава со теми поврзани со монархијата. Тој беше добар пријател со принцезата Дијана, со која интензивно се дружеле во нивното омилено место – црквата.

Додека стивнува првичниот шок за болеста на принцезата Кетрин и пристигнуваат пораките сочувство во Кензингтонска палата, се појави уште една сериозна загриженост, заклучува Кеј. Се поставува прашањето: „Што му носи тешката болест на принцезата на кралското семејство, дали ќе преживее и дали овој немил настан ќе стане негова најголема криза?“.

Фото: DPPA / ddp USA / Profimedia

Факт е дека отсуството на принцезата од Велс и кралот е голем шок за кралскиот состав. Според новинарот, кралот и принцезата се едни од најхаризматичните членови на семејството – кралот со неговата сигурност и принцезата со нејзината убавина и емпатија.

„И покрај апелот на палатата за воздржаност кога станува збор за шпекулациите за тежината на ракот на Кејт, сосема е очекувано да се шират гласини. Загриженоста за добросостојбата на куќата Виндзор полека се шири меѓу луѓето. Во последно време, бројните настани како скандалот со сликите на Денот на мајката и комеморацијата на поранешниот грчки крал покажаа колку е навистина кревко кралското семејство. Но, ако историјата не учи едно нешто за монархијата, тоа е дека таа има способност да ги надмине повеќето пречки. Преживеаја револуција, граѓанска војна и најмрачни закани. Дури и пред 30 години, тогашниот принц од Велс беше отпишан како иден монарх поради распадот на неговиот прв брак. Тие успешно ја надминаа таа криза и постои претпоставка дека неговата сопруга Камила би можела да биде решението за оваа нова криза“, пишува понатаму.

Некои несомнено сугерираат дека принцот Хари треба да обрати внимание на овој итен случај и да се врати во Обединетото Кралство, да ги реши своите несогласувања со Вилијам и да го продолжи своето место како истакнат член на кралското семејство. Во овој момент, мала е веројатноста дека тоа ќе се случи.

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и принцот Хари / Фото: no, Credit line: Avalon / Avalon / Profimedia

Кралот прима терапија за својата болест, а принцезата важи за силна жена и подготвена за борба, но сомнежите сѐ уште постојат. Ако Вилијам не може да ја извршува својата должност, постои друга опција – неговата тетка, принцезата Ана.

Таа и другите помлади членови на кралското семејство, како што се принцот Едвард и неговата сопруга Софи, мора да се погрижат семејството да ја надмине оваа криза и да остане во центарот на британскиот живот. Се верува дека искреноста за состојбата на принцезата е голем плус за семејството.

Од смртта на кралицата Елизабета Втора, семејството минува низ турбулентен период, но се верува дека монархијата ќе опстане и дека ја има поддршката и благодарноста од народот бидејќи ја водеше државата низ најтемниот период од Втората светска војна.

ВИДЕО | Кејт Мидлтон има рак, принцезата е подложена на хемотерапија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот