Фото: Image Press Agency / Alamy Alamy / Profimedia

Нови обвинувања против Диди — познат публицист изнесе мачни детали од наводен сексуален напад

Музичкиот могул Шон Диди Комбс, познат и како Пи Диди, кој се наоѓа во федералниот затвор во Њу Џерси, се соочува со нови обвиненија за сексуален напад во Калифорнија. Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Лос Анџелес во понеделникот потврдил дека е отворена нова кривична истрага против 56-годишниот Комбс, додека тој се обидува да ја оспори федералната пресуда, пренесува британски „Метро“.

Венус Д. Дан, водителка за комуникации во Канцеларијата на окружниот обвинител, изјавила дека Полициската управа на Лос Анџелес и Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес одделно ги претставиле резултатите од своите истраги за тврдењата на една наводна жртва. Таа додала дека случајот се разгледува.

Обвинувања од публицистот Џонатан Хеј

Наводната жртва е добро познатиот публицист Џонатан Хеј, кој во јули 2025 година поднел и граѓанска тужба против Комбс. Во тужбата, во која увид имал „Дејли мејл“, Хеј тврди дека раперот сексуално го нападнал. Тој поднел и полициска пријава истата година, наведувајќи дека Комбс сексуално го нападнал во 2020 година, а потоа повторно во 2021 година.

Според пишувањето на порталот Ти-ем-зет, кој прв објави за истрагата, Хеј ја поднел пријавата во својот роден град Ларго во Флорида, но случајот бил префрлен во Лос Анџелес бидејќи наводните злосторства се случиле таму.

Во граѓанската тужба Хеј тврди дека бил ангажиран за да помогне во ремиксот на песна снимена од Кристофер Волас, попознат како Ноториус Б.И.Г., кој беше убиен во пукотница во 1997 година на 24-годишна возраст.

Хеј работел на проектот Биџи смалс со својот син, Си-Џеј Волас, кој исто така е наведен како тужител. Во тужбата се тврди дека Волас учествувал во заговор со кој наводно „му овозможил или му помогнал на Комбс“ во извршувањето на сексуалниот напад.

Според тужбата, Комбс, кој бил близок пријател и соработник на Волас, дошол во студиото во септември 2020 година во текот на снимањето. Наводно, тој ја критикувал музиката и го охрабрил Хеј да земе кетамин за таа да звучи подобро. Хеј тврди дека потоа отишол со Комбс и дел од неговата придружба до магацин во Лос Анџелес каде што се чувала облеката на Ноториус Б.И.Г. пред да биде донирана во Куќата на славните на рокенрол.

Во тужбата се наведува дека Хеј останал сам во собата со Комбс, кој наводно мастурбирал на маицата на својот покоен пријател. Потоа Комбс наводно му наредил на Хеј да го деведе до оргазам, ејакулирал на маицата и ја фрлил кон Хеј, велејќи: „Почивај во мир, Б.И.Г.“.

Хеј понатаму во тужбата тврди дека ситуацијата ескалирала во март 2021 година, кога Комбс наводно го зграпчил за глава и го принудил на орален секс против негова волја. Публицистот тврди дека тоа искуство го довело до самоубиствени мисли.

Адвокатот на Комбс ги отфрла обвинувањата

Претставниците на Комбс не одговориле веднаш на барањето за коментар. Тој претходно ги негираше сите обвиненија. Во ноември 2025 година, Џонатан Дејвис, адвокатот на Комбс во граѓанските парници, издал генерален демант како одговор на тужбата на Хеј.

„Како што правниот тим на г-дин Комбс повеќепати изјави во текот на повеќе од една година, тој не може да одговори на секое неосновано обвинение во она што стана медиумски циркус. За да биде сосема јасно, г-дин Комбс категорично ги негира како лажни и клеветнички сите обвинувања дека некого сексуално злоставувал. Тој се радува на одбраната на суд, каде што ваквите прашања се решаваат, врз основа на валидни и материјални докази, а не само шпекулации и неосновани обвинувања“, рекол Дејвис.

„Правдата ќе биде задоволена“

Во изјава за „Дејли мејл“ во понеделникот, Хеј се нарекол себеси личност што го преживеала злоставувањето на Комбс и рекол дека „фактот дека неговите болни искуства се слушнати и потврдени од полицијата на Лос Анџелес и канцеларијата на окружниот обвинител на округот Лос Анџелес е неоспорна пресвртница“.

„Овој напредок претставува значајна победа во мојата борба за целосна одговорност. Убеден сум дека правдата ќе биде задоволена и дека одговорноста ќе биде спроведена до крај“, рекол тој.

Постоечката пресуда на Комбс

Новата истрага во Лос Анџелес доаѓа откако Комбс беше прогласен за виновен во федералниот суд по две точки од обвинението за организирање проституција. Меѓутоа, поротата го ослободи од најтешките обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Во октомври минатата година, музичкиот могул беше осуден на четири години затвор, намалена за едната година што веќе ја помина во притвор, и на пет години условна слобода. Според податоците од 1 јуни, Комбс треба да биде ослободен кон крајот на февруари 2028 година.

Затворската казна на Диди повторно е скратена – еве кога би бил ослободен

Драма зад решетките: Диди бил на неколку секунди од смртта, се разбудил со нож под грлото

Диди бил дочекан со овации во затвор, по пресудата што го спаси од доживотна робија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот