Диди во филмот „Топката на чудовиштето“ / Фото: Lions Gate Collection / Everett / Profimedia

Драма зад решетките: Диди бил на неколку секунди од смртта, се разбудил со нож под грлото

Музичкиот могул Шон Комбс – Диди имал инцидент што му го загрозил животот во затвор, каде што друг затвореник му држел нож под грлото. Диди (55),  отслужува казна од повеќе од четири години за две обвиненија за транспорт со цел вршење проституција.

Неговиот пријател, Чарлучи Фини, изјави за „Дејли мејл“ дека раперот се разбудил една ноќ во Метрополитен притворниот центар во Бруклин со сечило под грлото. Приказната подоцна ја потврдија извори на „ТМЗ“.

„Се разбудил со нож на грлото. Не знам дали се борел против него или дошле стражарите, само знам дека се случило… ако овој човек сакал да го повреди, Шон ќе бил повреден. Ќе требало секунда за оружјето да му го пресече грлото и да го убие“, рекол Фини.

Фини верува дека нападот бил обид за заплашување.

„Веројатно бил начин да се каже: ‘Следниот пат нема да имаш толку среќа’. Сето тоа е заплашување. Но, тоа нема да функционира со Шон. Шон е од Харлем“, додал тој.

Адвокатот на Диди, Брајан Стил, го потврди инцидентот за време на рочиштето за изрекување на пресудата. Тој рече дека чуварот го запрел затвореникот на време и дека мотивот за нападот била желбата на напаѓачот да добие „престиж“ со тоа што ќе повреди позната личност.

Диди бара преместување во друг затвор: Се плаши за својата безбедност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот