Диди - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Диди бара преместување во друг затвор: Се плаши за својата безбедност

По осудата на четири години и два месеци затвор, озлогласениот музички магнат Шон Диди Комбс се обидува со сите сили да го убеди судијата да му дозволи преместување од затворот во Бруклин во друг, помалку строг затвор.

Комбс, некогаш еден од највлијателните луѓе во музичката индустрија, е прогласен за виновен за организирање повеќедневни сексуални собири на кои учествувале неговите поранешни партнери и сексуални работници.

Покрај затворската казна, ќе мора да плати и 500.000 долари и да учествува во програми за ментално здравје и лекување на зависности.

Во поднесоците до федералниот судија, адвокатите на Комбс тврдат дека престојот во затворот во Бруклин е неподнослив за реперот и дека тој се плаши за сопствената безбедност. Затоа, бара остатокот од казната да го отслужи во затворот во Њу Џерси кој е од отворен тип, познат по терапевтските и едукативните програми, преенсува „Економист“.

Учеството во програмите за лекување на зависности, едукативните и работните активности би му овозможило стабилност и структура во процесот на закрепнување, наведува неговиот адвокат во поднесокот, додавајќи дека преместувањето би овозможило и почести семејни посети.

Во моментов, Комбс се наоѓа во специјалната единица на MDC Бруклин. Таа единица е позната по речиси целосната изолација на затворениците и исклучително лошите услови. Во писмото до судијата, реперот го опишува своето секојдневие како нехумано, тврдејќи дека во затворот нема ниту чиста вода за пиење, ниту доволно простор за затворениците.

Што го чека Диди по пресудата – Затвор, жалба и неизвесна иднина

„Се изгубив на својот животен пат. Поради своите одлуки ја загубив слободата, кариерата и угледот. Но, најлошо од сè го загубив самопочитувањето“, рече Комбс при изрекувањето на казната, додавајќи дека затворот го принудил да се соочи со своето минато.

Тој исто така нагласи дека овој период е прв во изминатите 25 години во кој е целосно трезен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот