НОСЕТЕ МАСКИ! Шерон Стоун објави слика од болничката соба на нејзината сестра која се лекува од коронавирусот (ФОТО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Една од најпознатите светски актерки Шерон Стоун откри дека нејзината сестра Кели Стоун се бори против коронавирусот и дека е на болничко лекување.

Холивудската ѕвезда на Инстаграм објави слика од болничката соба каде лежи Кели и укажа дека мора да се носат маски.

– Мојата сестра Кели, која веќе има лупус, сега има Ковид-19. Ова е нејзината болничка соба. Еден од вас кој не носел маска го стори ова. Таа нема имун систем. Единствено место каде одеше беше аптеката, напиша актерката и продолжи:

– Не постои тестирање во областа каде живее доколку немате симптоми, а потоа пет дена се чекаат резултати. Можете ли да се соочите со оваа соба? Носите маски! Поради себе и останатите. Ве молам, додаде Шерон.

Ова е фотографијата која ја објави актерката…

Фото: Инстаграм

– Запалете свеќа за мојата сестра Кели и нејзиниот сопруг, мојот драг пријател Брус, додаде актерката.

Фото: Инстаграм

Погледнете што изјави Шерон Стоун…

View this post on Instagram

??????????????

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот