Никола Ѓоргиев и Карловарско во полуфиналето на одбојкарскиот плејоф во Чешка
Капитенот на најдобрата македонска одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев и Карловарско ќе играат во полуфиналето на плејофот во Чешка.
Препорачано
Коректорот и неговите соиграчи во четвртфиналната серија со 3:0 во победи го елиминираа составот на Прибрам.
Во последниот меч Карловарско се радуваше со конечен резултат 3:0 во сетови (25:15, 25:18, 25:14).
Ѓоргиев го одигра целиот натпревар и постигна девет поени, сите од напад. Ѓоргиев и Карловарско го чекаат ривалот во полуфиналето, а серијата е најавено дека ќе стартува на 3 април.
-Ристо Николов и Нефелс поразени во финалето од Купот на Швајцарија
Поранешниот репрезентативец Ристо Николов имаше голема желба последната сезона како играч да ја заокружи со двојна титула со неговиот Нефелс во Швајцарија, но нема да успее во тоа. Во финалето од Купот на Швајцарија, Нефелс со 3:1 (25:17, 21:25, 25:18, 25:20) загуби од Амрисвил. Николов кој ја носи и капитенската лента на Нефелс го одигра целиот натпревар, но имаше скромна реализација од три поени (два напад и еден блок).
Екипата на средниот блокер ќе мора експресно да се рехабилитира затоа што веќе на 4 април против Амрисвил се соочува во финалето на плејофот и борбата за шампионската титула во швајцарскиот шампионат.


