Нема да верувате! Постои причина поради која Фиби од Пријатели морала да има сестра близначка

Неверојатна, но сепак уникатна приказна…

Обожавателите на култната и омилена серија „Пријатели“ со години се прашуваа зошто Фиби Буфе, која фантастично ја глумеше актерката Лиса Кудроу, во серијата морала да има сестра близначка.

Објаснувањето неодамна конечно излезе на виделина кога во својата книга „Ќе бидам тука за тебе: Една од пријателките“, Келси Милер ја откри тајната.

For those who requested a Phoebe image

Publiée par FRIENDS (TV Show) sur Jeudi 16 avril 2009

Имено, Лиса Кудроу за време на почетокот на снимањето на „Пријатели“ глумела и во друга серија под називот „Луд по тебе“, во која ја играла келнерката Урсула. Проблемот настанал во пресрет на Премиерата на „Пријатели“ во септември во 1994 година кога излегло дека Лиса ќе се појави на истиот канал во две улоги.

Токму затоа сценаристите се одлучиле да има близначки, така што Фиби од „Пријатели“ ќе ја има сестрата близначка Урсула, која всушност во исто време е лик од друга серија, со цел да се избегне проблемот актерката Лиса Кудроу да настапува во две серии истовремено на иста телевизија. Преку ликот на сестрата близначка всушност сериите се поврзани.

Лиса серијата „Луд по тебе“ ја снимаше се до 1999 година. А ликот на Урсула се појавуваше во неколку епизоди на популарните „Пријатели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот