Нека не ви биде здодевно – Направете ги овие едноставни колачиња со пиво (РЕЦЕПТ)

Израдувајте ги домашните со ова мало слатко задоволство…

Состојки:

5 кафени шолји – масло

3 кафени шолји – пиво

1 прашок за печиво

брашно по потреба

мармалад

шеќер во прав

Подготовка:

Во подлабок сад, измерете ја потребната количина масло за јадење, а потоа додајте го и пивото. Потоа, ставете го прашокот за печиво и почнете со додавање брашно. На почетокот додека го ставате брашното, мешајте со лажица, но откако ќе забележите дека тестото почнува да се згуснува, продолжете да додавате брашно, но започнете да месите со едната рака. Кога ќе забележите дека добиеното тесто убаво е измесено, престанете со додавање брашно. Тестото за овие колачиња, не треба да биде ниту премногу тврдо ниту премногу меко, бидејќи доколку е меко и нема доволно брашно, за време на печењето колачињата ќе се „разлеат“ и нема да ја добиете посакуваната форма.

Кога ќе биде спремно тестото за обликување, вклучете ја рерната да се загрева на температура од 180 степени.

На тава за печење, ставете хартија за печење и започнете со обликување на колачињата. Скинете тесто, обликувајте го како топче, задржете го во дланката, а потоа притиснете со другата рака за да го згмечите. Во средината на тестото, ставете една мала лажичка мармалад по ваш избор. Потоа, со врвовите на прстите, обликувајте го колачето.

Вака подготвеното колаче, ставете го на хартијата за печење. Оваа постапка, повторувајте ја додека не се потроши целото тесто.

Колачињата печете ги околу 30 минути, односно додека убаво не заруменат.

Добиените колачиња, извалкајте ги во шеќер во прав и послужете ги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот