Не купувајте евтин чај, може да биде штетен за вашето здравје

unsplash

Чајот е топла, пријатна прегратка во течна форма, која има различни видови на вкусови и мириси. Без разлика дали претпочитате да пиете свежно приготвен зелен чај или сте љубители топол чај од камилица, чајот е нешто што со години успева да ги привлекува луѓето од целиот свет со своите многубројни придобивки.

unsplash

Според кинеската легенда, чајот потекнува од 2737 година п.н.е. кога царот Шен Нонг, вешт владетел и научник, случајно открил чај. Додека зовривал вода во градината, во неговиот сад влетал лист од надвиснато диво чајно дрво. Легендата вели дека Царот толку уживал во „ароматичната вода“ што постепено почнал да ги истражува лековитите својства на чајот.

Докажано е дека чајот им дарува на своите потрошувачи бројни здравствени придобивки, како што е зајакнување на имунитетот, борба против карцином и срцеви заболувања или борба против воспаленија.

unsplash

Различните видови на чај од билки имаат низа придобики. Најдобриот дел? Тие немаат кофеин, така што можете безбедно да пиете чај кога и да посакате. Можете да си го подготвите овој топол пијалок за да се релаксирате по долгиот и стресен ден на работа.

Сепак, не сите видови чаеви се направени на ист начин. Кога станува збор за поефтиниот индустриски чај, треба да бидете претпазливи.

Евтиниот може да биде штетен

Треба да обрнете внимание на квалитетот на чајот што избирате да го консумирате. Во 2012 година, „Journal of  Toxicology“ објави дека повеќе од 70% од 30 видови чај што биле „ставени на тест“ имале потенцијално опасно ниво на олово, а за 20% било откриено дека имаат штетни количини алуминиум.

unsplash

Плус, според различни истражувања, во некои евтини чаеви се пронајдени прекумерни количини на флуорид што потенцијално може да доведе до оштетување на забите, зглобовите и коските. Секако, мора да се напомене дека флуоридот во нормални количини е добар за вашите заби и коски.

unsplash

Она што треба да направите е да се држите настрана од ниско-квалитетните брендови и внимателно да го прочитате составот доколку купувате индустриски чај. Најдобар избор се природните чаеви кои може да ги најдете во билните аптеки и да се едуцирате повеќе за суштината на чајот. Во основа, за доброто на вашето здравје, не обидувајте се да заштедите следниот пат кога ќе избирате некое пакување чај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот