Најздравите овошја кои ви се достапни преку целата година

profimedia

Иако сите овошја се здрави, одделни се консумираат само во текот на сезоната. Дознајте кое овошје е полно со нутриенти, а е достапно во текот на целата година.

Смрзнати малини – истражувањата покажаа дека го намалуваат ризикот од срцев удар, Алцхајмерова болест, дебелина, дијабетес, и дека содржат голема количина на антиоксиданси. Иако сезоната им е кратка, цела година ви се на располагање смрзнатите малини, кои според тврдењата на научниците, во тој облик имаат повеќе антиоксиданси.

Јаболки – доколку се консумира барем едно дневно, јаболката влијаат на намалување на ризикот од рак на бубрезите, дебелото црево, јајниците и градите.

Портокали – полни се со влакна, витамин Ц и се одличен сојузник против воспаленијата.

Лимон – имаат многу благотворно дејство на организмот, а можете да ги консумирате наутро така што во чаша млака вода ќе сипете лимонов сок, или во текот на денот, во чаеви, супи. Лимонот е полн со електролити, па е многу корисно да пиете лимоната пред и после вежбањето.

Сушени кајсии – исклучително се богати со нутриенти, особено со витаминот А кој ги штити очите и репродуктивните органи и го зајакнува имунитетот. Одлично се согласуваат со многу намирници, како житарки и млечни производи, па претставуваат одлична замена за десертот.

Банани – Консумирајте секој ден по половина банана, особено ако чувствувате дека ви е потребна енергија. Смрзнатите се одлична замена за сладолед, а можете да ги додадете и во овошната салата, шејк или смути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот