МЗШВ: Во тек се четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Последниот ден за поднесување на пријави за учество на јавниот повик е 22.01.2020 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека се во тек вкупно четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Последниот ден за поднесување на пријави за учество на јавниот повик е 22.01.2020 година.
Првиот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини е во следните региони: Врапчиште, Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Карпош и Куманово.

Вториот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е за сите катастарски општини во следните региони: Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес.

Прочитајте и...  ДПА со критики до власта и предлог мерки за загрозените категории граѓани

Третиот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Четвртиот јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга и Струмица.

Предмет на постапката на овие повици може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

Прочитајте и...  Форумот на жени на ЛДП гласно повикува: Стоп за насилството

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до 3 хектари.

За разлика од огласите во кои министерството ги објавува расположливите парцели, со овие јавни повици, земјоделците имаат можност самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик, за земјиште за кое имаат информација дека е слободна земја. Целта на овие јавни повици е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, вклучително и оние парцели што не се актрактивни.

Земјиштето може да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

Прочитајте и...  Битиќи: Само со мерката минимална плата за секој вработен таргетираме 250.000 вработени и 35.000 компании

МЗШВ на овој начин создава поволни услови за сите земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и за оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да дојдат до земјоделско земјиште.

Истовремено, преку ваквиот тип на повици директно се зголемуваат обработливите земјоделски површини. Сите заинтересирани земјоделци детално моќе да се информираат за овие повици на официјалната страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кадешто може да го пополнат и својот образец.

Прочитај повеќе

Филипче: Тестовите на антитела поставуваат само сомнеж дека некој е болен

Мирослава Бурнс

На атинското пристаниште е закотвен брод со 119 позитивни на коронавирусот

Слободен печат

Форумот на жени на ЛДП гласно повикува: Стоп за насилството

Слободен печат

ЗНМ и ОБСЕ доделуваат заштитна опрема и средства за дезинфекција на медиумите

МИА Агенција

Ламборгини почна да произведува маски и медицински визири

МИА Агенција

Наставата на далечина се приближува кон тортура

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дебар – снежна бајка во кризна состојба

МИА Агенција

Анкета: Словенците сметаат дека се подобрува ситуацијата со епидемијата

МИА Агенција

Ќе одат ли Црвенковски и Иванов на минималец?

Весна Тодоровска

Анкета на НДИ: СДСМ со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

МИА Агенција

Нова веб страна за сите информации поврзани со коронавирусот

Слободен печат

Ирански хакери се обиделе да влезат во личната е-пошта на персоналот на СЗО

МИА Агенција