Младата манекенка која го нарече Владимир Путин „психопат“ пронајдена мртва, спакувана во куфер

Руска манекенка пронајдена мртва/ Фото: Твитер

Нејзиното поранешно момче призна дека ја убило, но не поради политичките ставови туку од љубомора.

Телото на руската манекенка Грета Ведлер (23 г.) беше пронајдено скриено во куфер по повеќе од една година откако исчезна. Ведлер беше убиена еден месец откако таа на социјалните мрежи го нарече Владимир Путин „психопат“ и предвиде дека неговата желба да „го подобри интегритетот на Русија“ за многумина ќе заврши со солзи.

„Важно е психопатите секогаш да имаат чувство на исполнетост и острина во животот, па затоа сакаат ризик, интензивни искуства, интензивна комуникација, интензивна активност – интензивен и динамичен живот. Можеби тој навистина сака да го подобри интегритетот на Русија и искрено посакува добро на Русите. Но, дали тој навистина може да направи нешто ? Мислам дека и вие самите го знаете одговорот на ова прашање“, изјави тогаш Ведлер.

Нејзиното „љубоморно“ поранешно момче Дмитриј Коровин (23 г.) повеќе од една година подоцна призна дека ја задавил до смрт по тепачка за пари во Москва што не биле поврзани со нејзините политички ставови.

Признал дека три ноќи спиел во хотелска соба со нејзиното тело, кое го ставил во нов куфер кој штотуку го купил, пренесува Daily Mail. Потоа го однел нејзиното тело на речиси 500 километри подалеку и го оставил во багажникот на автомобилот повеќе од една година. Тој постојано објавуваше фотографии и пораки од профилите на манекенката на социјалните мрежи за да ги натера нејзините пријатели да веруваат дека таа е се уште жива, им призна на детективите кои работат на случајот.

Пријател на девојката по име Евгениј Фостер, блогер од Харков, Украина, се посомневал и пронашол пријател во Москва и поднел извештај за случајот на исчезнатото лице, по што започнала потрага по која на крајот се појавило телото на несреќната девојка.

На видеото на рускиот истражен комитет се гледа како Коровин наводно го покажува начинот на кој ја убил манекенката и дава целосно признание.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута: Зеленски бара повеќе помош од Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот