„Мисија ЕП 2021“: Браќата Ѓорѓиеви ја засилија македонската одбојкарска репрезентација!

Фото: facebook.com/volleyballmkd

Откако ги завршија клупските обврски, браќата Ѓорѓиеви му се приклучија на македонскиот репрезентативен одбојкарски табор кој се подготвува за јануарските квалификации за Европското првенство во 2021 година.

Пристуството на коректорот и капитен Никола Ѓорѓиев, како и на техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, ќе им овозможи на селекторот Матијашевиќ и на неговиот асистент Николиќ да одржуваат посилни и покомплетни тренинзи во пресрет на турнирот во Скопје од 11-16 јануари, кога во конкуренција на Турција и на Босна и Херцеговина, македонските одбојкари ќе се обидат вторпат да се пласираат на континенталените самити.

Претходно, утре и задутре нашата селекција ќе ја тестира формата на два пријателски натпревари во Скопје против подмладениот состав на Бугарија.

Ѓорѓиев оптимист за пласман на ЕП: Шансите на Македонија се големи!

Потоа, македонските одбојкари ќе останат во изолација и ќе работат во арената „Борис Трајковски“ до 5-ти јануари кога ќе одат во Софија, каде што на Бадник и на Божиќ ќе одиграат уште еден тест двомеч со бугарскиот тим, кој исто како и ние, преку квалификации во јануари треба да го заработи задоволството да учествува на континенталниот шампионат во септември во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

На софиските контроли, италијанскиот стратег Силвано Пранди, кој е на чело на бугарската репрезентација, се очекува да го искористи целиот играчки потенцијал на којшто смета за квалификациските дуели со Австрија и Израел.

Дотогаш и македонската репрезентација ќе биде комплетна, затоа што по Нова година е планирано да пристигне техничарот Филип Деспотовски, кој и натаму има клупски ангажман во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот