ФОТО | Мелиса Гилберт се огласи откако нејзиниот сопруг беше обвинет за сексуална злоупотреба на деца: „Ова е тежок период“
Актерката Мелиса Гилберт јавно се огласи по сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба на деца упатени кон нејзиниот сопруг, актерот и режисер Тимоти Басфилд, опишувајќи го периодот како „исклучително тежок“. Ѕвездата на „Little House on the Prairie“ во понеделникот објави порака на инстаграм-профилот на „Modern Prairie“, лајфстајл компанијата што основаше во 2022 година, во која им се заблагодари на фановите за поддршката, пренесува „Холивуд репортер“.
Препорачано
„Ви ја испраќам целата моја љубов и благодарност во овој исклучително тежок период. Не само за Тим, за мене и нашето семејство, туку и за колективната тежина што многумина од нас ја чувствуваат во моментов. Кога на сето тоа ќе се додаде и неочекувана бура, сè може да изгледа како премногу“, напиша Гилберт.
Таа додаде дека овој период ја потсетил колку е важно да се забави темпото, да се даде приоритет на она што навистина е важно и да си се дозволи одмор.
„Повремено повлекување од бучавата, вестите, па дури и од секојдневните обврски, ни дава простор да се обновиме, да размислиме и повторно да ја најдеме рамнотежата“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во продолжение, Гилберт им се заблагодари на поддржувачите:
„Ви благодарам, искрено, за љубовта, трпението и поддршката што ни ги давате на Тим и мене. Благодарам што ми помагате да се чувствувам побезбедно, постабилно и силно поддржано од оваа неверојатна заедница на жени во „Modern Prairie“. Ќе се враќам полека и внимателно, чекор по чекор. Наскоро повеќе, и секогаш, огромна благодарност.“
Порсетуваме, на 9 јануари беше издадена потерница за апсење на Басфилд поради наводни дела поврзани со деца, кои наводно се случиле на сетот на серијата „The Cleaning Lady“ на „Фокс“. Тој подоцна сам се пријави кај властите во Албукерки, Ново Мексико.
Басфилд е обвинет по две точки за кривично сексуално контактирање со малолетник и злоупотреба на дете, по истрага што опфаќа наводна злоупотреба на двајца малолетни машки лица на снимањето на серијата, каде што тој режирал неколку епизоди и се појавил во мала улога.
По судско рочиште во вторникот, судијата одлучи Бусфилд да биде ослободен од притвор додека го чека судењето.
Иако актерот од „The West Wing“ тврди дека е невин, против него се појави и второ обвинение за сексуална злоупотреба. Според обвинителски поднесок, тој наводно допирал тинејџерка за време на аудиција за улога пред неколку години во „B Street Theatre“ во Сакраменто, Калифорнија.
Басфилд и претходно се соочувал со вакви обвинувања. Во 1994 година, 17-годишен статист од филмот „Little Big League“, кој тој го режирал, го обвини за сексуална злоупотреба, случајот беше решен со спогодба. Во 2012 година, друга жена тврдеше дека ја допирал за време на состанок, но тогаш не беа поднесени обвиненија.


