Матијашевиќ: Милков е повреден, ја гледам само нашата игра!

vfmkd.mk

Со девет тренинзи од денеска до петок, најдобрите македонски одбојкари предводени од Матијашевиќ ќе ја завршат првата етапа на подготовките пред дебитантскиот настап на ЕУРО.

– Идејата е да соберам што повеќе одбојкари, да ги видам оние кои не беа со нас претходно, како младите примачи Лука Костиќ и Стојан Николов, тренираше и средниот блокер од Џио Струмица, Ристо Николов. Задоволен сум од нивниот потенцијал, ќе се подготвуваат и во Маврово, а воедно ќе бидат и во комбинација за ЕП – рече Матијашевиќ.

cev.eu

Во составот не е Александар Милков кој ја санира повредата, а на почетокот на јули ќе се знае точно дали неговото колено може да ги задржи напорите. Матијашевиќ засега не размислува на ривалите на Европското првенство, туку повеќе на концепцијата на нашата игра.

-Рано е да се зборува за противниците во Љубљана. Се уште не ги знаеме нивните официјални состави, Финска играше со подмладени сили во Европската лига, а во Турција, на пример, има многу играчи од првиот тим – додаде Матијашевиќ.

Наредниот собир ќе биде на 14 јули во Маврово, а потоа ќе започне и серијата контролни мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот