„Марка“ ги избра најдобрите спортисти на 21. век, на врвот е најтрофејниот олимпиец

Американскиот пливач Мајкл Фелпс е избран за најдобарт спортист на светот во 21. век во анкетата на шпанскиот спортски весник „Марка“.
Фелпс пет пати учествуваше на Олимписките игри и притоа освои дури 23 златни медали со што е најтрофеен олимпиец во историјата на Игрите.

На второто место се најде најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болд кој минатата година замина во пензија. Болт е сопственик на светските рекорди на 100 и 200 метри како и на штафетата 4х100 метри.

На третото место се најде швајцарскиот тенисер Рожер Федерер. Федерер е лидер по бројот на освоени грен слем титули, има вкупно 20.

По големата тројка следат, шпанскиот тенисер Рафаел Надал, трагично загинатата НБА ѕвезда, Коби Брајант, голферот Тајгер Вудс, фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, актуелниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон, деветкратниот Мото ГП шампион Валентино Роси и Португалецот Кристијано Роналдо.

Од спортистите во регионот, првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ се најде на 11. позиција, хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ е 91. додека кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ е на 100. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот