„Чудото од Словенија“ го победи Дуплантис, избран е за најдобар спортист во светот за 2025 година
Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар, е прогласен за „спортист на годината“ во традиционалниот избор на шпанскиот спортски весник „Марка“. Погачар зад себе има извонредна 2025 година, во која по четврти пат ја освои престижната трка Тур де Франс, а доминацијата ја потврди и во гласањето на читателите, каде што собра 52 проценти од гласовите. Второто место …

