Џејк Пол/jakepaul - Instagram

„Марка“ објави вознемирувачка снимка од лицето на Пол по поразот од Џошуа

Шпанскиот весник „Марка“ објави вознемирувачка снимка од изгледот на американскиот јутјубер и боксер Џејк Пол, направена по тешкиот пораз што го претрпе во борбата против Ентони Џошуа.

Џошуа минатата недела го нокаутираше Пол во мечот што се одржа во Мајами, а пресудниот момент се случи во шестата рунда. Британецот го погоди со силен десен директ, по кој Пол остана на подот и не беше во состојба да продолжи, по што судијата ја прекина борбата.

По натпреварот, Пол беше пренесен во болница, каде што подоцна беше опериран. Тој самиот потврди дека при нокаутот му била скршена вилицата на две места.

Шест дена по борбата, додека сè уште се опоравува од оперативниот зафат, „Марка“ објави фотографија и видео-снимка кои го прикажуваат неговиот изглед по тешката повреда.

„Операцијата помина добро, благодарам на целата љубов и поддршка. Имам по две титаниумски плочки од двете страни. Извадени ми се и неколку заби. Во наредните седум дена можам да консумирам само течности“, напиша Пол по интервенцијата.

Ова беше 14-та професионална борба во кариерата на Џејк Пол и втора против активен професионален боксер, а воедно и негов втор пораз. Претходно беше поразен и од Томи Фјури.

Снимката од Пол која навистина изгледа вознемирувачки можете да ја погледнете – ТУКА.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот