„Чудото од Словенија“ го победи Дуплантис, избран е за најдобар спортист во светот за 2025 година
Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар, е прогласен за „спортист на годината“ во традиционалниот избор на шпанскиот спортски весник „Марка“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Погачар зад себе има извонредна 2025 година, во која по четврти пат ја освои престижната трка Тур де Франс, а доминацијата ја потврди и во гласањето на читателите, каде што собра 52 проценти од гласовите. Второто место му припадна на светскиот рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис од Шведска, со 29,75 проценти.
Во женска конкуренција, признанието заврши во рацете на белоруската тенисерка Арина Сабаленка, која освои 36,13 проценти од гласовите, додека зад неа се најде канадската пливачка сензација Самер Мекинтош.
Кога станува збор за изборот ограничен само на шпанските спортисти, тенисерот Карлос Алкараз излезе како победник пред Мото ГП шампионот Марк Маркез.
Во женска конкуренција во Шпанија, титулата „спортистка на годината“ ѝ припадна на шампионката во брзо одење, Марија Мерез, која ја надмина фудбалската ѕвезда на Барселона, Аитана Бонмати.
Преземено од: Спорт.ком.мк


