Мали кулинарски вештини: Подгответе тесто за пица како вистински пица-мајстор

Фото: Профимедиа

Тестото за пица е совршено кога се прави со квасец. Тогаш тоа нараснува и пицата станува мека, а додатоците едноставно пропаѓаат во „облакот“ од тесто. Потребни ви се 4 шолји брашно, 1 лажица шеќер, 4 лажици масло или растопен путер, 1 јајце, 20 г квасец, пола лажичка сол, една шолја свежо млеко или вода.

Во сад ставете ја течноста и растворете го квасецот. Додајте ги солта, шеќерот и јајцето, промешајте, па додајте го просеаното брашно. Мешајте да добиете воедначено тесто. По потреба додајте уште течност (вода или млеко).

На крај додајте го загреаниот путер или масло, измешајте, поклопете и нека стасува на топло два часа. Потоа лесно притиснете го тестото да спласне малку. Па по еден час извадете го на работна површина посипана со брашно и расукајте кора. Освен што температурата во собата каде стасува тестото треба да е од 10-35 степени, не треба да додавате повеќе сол или шеќер бидејќи тестото полека ќе се крева или воопшто нема да се крене. Ако ставите премногу вода тогаш нема да можете да го расукате, а ако претерате со брашното, ќе е жилаво. Маслото е задолжително бидејќи така тестото ќе остане меко. Најдобро е маслиново масло бидејќи дава посебен вкус.

Никогаш не користете замрзнати производи за фил, тие го расипуваат вкусот на пицата. Пицата се пече во загреана на максимум рерна и плехот се врти неколку пати за да не изгори од едната страна, а од друга да остане недопечена. Ако почне да се зацрвенува на површината покријте ја со фолија додека се испече цела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот