МАЛЕРИ: Грците со три бода во осминафинале, ние со шест и „елиминирани“!

cev.eu

Македонската репрезентација која беше дел од Ц-групата што се играше во Словенија, не успеа да ја мине групата и покрај двете победи и освоените шест бода.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ не разочараа и дефинитивно заслужија да бидат во осминафиналето, прв историски триумф на континенталните собири против Белорусија, а наредниот ден уште една голема изненадувачка победа над еден од домаќините на ЕП, Словенија.

Чекавме Турците да ни направат „услуга“ да триумфираат над Финска да го освоиме четвртото место, но тоа не се случи. Уште повеќе боли фактот што една селекција од групната фаза и со помалку бодови успеаја да се најде во елиминациската фаза.

Станува збор за селекцијата на Грција која освои три бода во групата А со само една победа над Романија (3:1) и четири порази од Португалија (1:3), Франција (0:3), Италија (1:3) и Бугарија (0:3).

На Европското одбојкарско првенство синоќа завршија натпреварите во групната фаза по кои познати се учесниците за осминафиналната фаза.

Двојки за осминафиналето –

Франција – Финска
Италија – Турција
Русија – Грција
Словенија – Бугарија
Србија – Чешка
Белгија – Украина
Полска – Шпанија
Холандија – Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот