„Луѓето бегаа од мене и мислеа дека сум заразен“: После 10 години се охрабрил, ја отстранил пудрата и станал успешен модел

Фото: Инстаграм

Кога наполнил 23 години, Роџер Монте забележал дека неговата кожа на одредени места започнува да го губи пигментот. Иако тој нема историја на витилиго во семејството, дознал дека оваа болест пред се е од естетска природа и може да биде иницирана од стресот.

Роџер на почетокот се надевал дека белите дамки на телото нема да бидат преголеми и дека нема да се појават по целото тело, но за жал, се случило токму тоа.

Тој уште потешко ја поднесувал реакцијата на луѓето кои ги среќавал на улица – го навредувале и бегале од него, стравувајќи дека е заразен.

Фото: Инстаграм

Притисокот кој го трпел бил толку страшен што момчето целосно ја загубило самодовербата.

За да продолжи со нормалниот живот, тој започнал да користи пудра. Секојдневно ги прекривал дамките на лицето и рацете, а кога одел во теретана ставал пудра и на нозете, со цел останатите кои вежбаат да не можат да забележат дека тој е поинаков од нив.

Фото: Инстаграм

Тоа до некаде му ја вратило волјата за живот, бидејќи луѓето повеќе не го навредувале ниту измевале поради болеста.

Пресвртот во животот на Роџер се случил токму во теретаната, каде се стекнал со пријатели и им се доверил дека има витилиго.

Тие го убедиле да ја отстрани пудрата и да научи да не става знак за еднаквост меѓу себе и состојбата на неговата кожа.

Фото: Инстаграм

Охрабрен од нивната поддршка, Роџер престанал да користи пудра и започнал да оди на плажата која ја избегнувал полни 10 години.

Фото: Инстаграм

Иако белите дамки не се повлекле, на Роџер му се случило нешто друго, тој во целост ја вратил самодовербата и научил да не реагира на непристојните коментари од тие кои не го познаваат.

Тој отишол и чекор подалеку – отворил Инстаграм профил и започнал да споделува селфи без пудра. Го забележале фотографите и му понудиле ангажмани.

Фото: Инстаграм

Роџер денес е успешен модел кој стои пред објективот исклучиво без пудра на лицето, не грижејќи се за тоа што луѓето негативно коментираат за неговиот изглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот