Лубеница наместо лек: Ова се нејзините неверојатни лековити својства

Со малку калории и моќна способност за хидратација, лубеницата носи уште многу предности за вашиот организам.

Убаво оладената лубеница е одлично освежување во летните денови, но за нејзините нутриционистички вредности не се размислува многу.

Експертите истакнуваат дека лубеницата покрај тоа што е вкусна, таа исто така е нискокалорична но и многу здрава. Лубеницата сега е силно застапена на пазарите, па вие искористете ја таа можност и консумирајте ја секојдневно.

1. Има малку калории, неверојатно е хидратантна и богата со витамини – Една чинија лубеница има само 46 калории, но содржи околу 20 проценти од дневната потреба на организмот од витамините А и Ц и 5 проценти од дневната потреба за калциум.

2. Лубеницата ја прочистува крвта – Дали знаевте дека ова слатко и освежително овошје може да делува како тоник во крвта? Да, лубеницата има освежувачки ефект и ефект на подмладување врз телото и делува како совршен тоник на крвта.

3. Природна заштита од сонце – Лубеницата е богата со ликопен, а ликопенот и помага на кожата во брзата адаптација при УВ зрачењето, па така има голема важност за заштита на кожата од сонцето.

4. Отстрнување на надуеност – Задржувањето на водата во телото може да ви направи да се чувствувате подуено и непријатно. Познато е дека лубеницата го поттикнува исфрлањето на течностите и на тој начин го ублажува овој проблем. Лубеницата исто така делува и како диуретик и лаксатив.

5. Лекува депресија – Лубеницата помага во зголемувањето на расположението и со самото тоа ја ублажува депресијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот