Лекарите објаснуваат: Зошто природно стекнатиот имунитет не е еднакво силен како вакцината против ковид-19?

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Проблемот со природно стекнатиот имунитет е што не е силен како вакцината и што по одредено време многу слабее и тогаш можете повторно да се заразите ако не сте вакцинирани, појаснува д-р Тајсон Бел, професорка по медицина, а и бројни нејзини колеги се согласуваат со тоа.

Верувањето дека природниот имунитет е доволен за да се одбраниме од инфекцијата е сосема нереално, но и многу опасно, нагласил д-р Кери Алтхоф, професор по епидемиологија.

„Тешко е, имаме лица кои се во ризична група и може да добијат тешка форма на болеста, но имаме и млади, здрави луѓе кои умираат“, додава тој.

Многумина ја одбиваат вакцината со аргумент дека ги штити природниот имунитет, но не само нив, туку и луѓето околу нив. Веројатно ќе се создаде колективен имунитет и заедно со вакцината сигурно ќе штити од хоспитализација, но и од смрт.

Лекарот по превентивна медицина, д-р Давид Кац, изјавил дека имунитетот што се стекнува по инфекцијата мора да се земе предвид. Според зборовите на д-р Бел, природата на вирусот е таква што доаѓа во циклуси, па кога ќе дојде следен бран на вирусот, а личноста го изгубила имунитетот, таа останува без каква било заштита.

„Не постои здрава логика која вели дека е подобро да се разболиш отколку да се вакцинираш. Според она што го знаеме до денес, се чини дека вакцината е многу поефикасна од инфекцијата, а и побезбедна, па никој не треба да размислува на погрешен начин“, додава докторот.

Вакцината штити од вирусот

И понатаму постојат многу работи што мора да ги научиме за коронавирусот и за неговите долготрајни последици, вклучувајќи и колку долго антителата траат по инфекцијата и колку им треба да се создадат, како и зошто кај некои се развиваат, а кај некои не.

Центарот за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) наведува дека природниот одговор на вирусот не одговара на прашањето дали имаат лицата на кои не можат да им се измерат антитела, иако имале инфекција, и понатаму заштита. Иако не е јасно колку вакцинирани лица претходно ја имале болеста, истражувањата упатуваат на тоа дека лицата што имаат имунитет и од болеста и од вакцината, имаат најдобар одговор на антитела.

Децата и пренесувањето на вирусот

Иако децата ретко заболуваат од тешки форми на ковид-19 или умираат, тие го пренесуваат вирусот и придонесуваат за ширење на епидемијата. Тоа особено се однесува на децата на училишна возраст, кои имаат интензивни контакти, што оди во прилог на ширењето на вирусот. Децата по училиште доаѓаат дома и го пренесуваат вирусот на домашните. Од друга страна, постои и дел од возрасните што дошле во контакт со вирусот, но исто така не стекнале доволен имунитет, што особено се однесува на оние кои асимптоматски ја прележале инфекцијата, објаснуваат лекарите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот