Лајчак: Размената на територии меѓу Србија и Косово би била „многу опасна”

Мирослав Лајчак / Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Размената на територии меѓу Србија и Косово „би била многу опасна”, изјави претставникот на Европската Унија (ЕУ), Мирослав Лајчак, за францускиот весник „Монд”, наведувајќи дека дијалогот е запрен поради изборите во Косово, но дека ЕУ е задоволна што е обновено клучното важно единство со САД во политика кон Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ништо не е готово додека не е завршено, кажа Лајчак во врска за целта во дијалогот да се постигне сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина, но истакна дека луѓето во владата на американскиот претседател Џозеф Бајден, одговорни за Балканот,„чувствуваат историска одговорност поради политичкиот и човечки ангажман на нивната земја во регионот

Лајчак за дијалог рече дека ЕУ и претходно соработувала со новиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен и заменик-секретарката за политички прашања, Викторија Нуланд.

– Ние работевме со нив во минатото и ги знаеме нивните мислења. Американско-европското единство е клучен фактор за успех на Балканот, изјави Лајчак.

На прашањето да го објасни противењето за размена на територии меѓу Србија и Косово, Лајчак одговори дека земјите од регионот се против тоа, „затоа што се плашат дека тоа може да предизвика настани надвор од каква било контрола”.

Покрај тоа, ЕУ, според неговите зборови, вложила многу во политиката на „европеизација и вклучување на Балканот во европското семејство, што значи градење мултиетнички демократски општества”, а „прецртувањето на границите е во спротивност со тој идеал и би значело дека сме доживеале неуспех”, истакна Лајчак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот