Фото: илустрација / Слободаен печат / Драган Митрески

Кумановски инвеститор е осомничен дека на диво изградил кат на магацин — инспекторка наводно замижала

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановски управител, кој како инвеститор е осомничен дека изградил дополнителен кат на магацин спротивно на одобрениот проект, како и против градежна инспекторка која, според полицијата, не презела мерки иако била должна да постапи.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(58), правен субјект и Л.Т.(61), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘бесправно градење’ и ‘злоупотреба на службена положба и овластување’. Првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, во својство на инвеститор и организатор на градежни работи, во текот на 2022 година со Одобрение за градење, издадено на неговиот татко и на друго лице, извел градежни работи од втора категорија и изградил магацин спротивно на основниот проект, односно направил измени во текот на градбата и изградил уште еден кат на магацинот. Третопријавената, во својство на градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово, не презела дејствија за кои била должна да ги преземе“, соопшти полицијата.

Македонци и Австриец граделе на диво кај Неготино – ископале канал од 600 метри и поставиле кабли за струја

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот