Фото: МВР

Македонци и Австриец граделе на диво кај Неготино – ископале канал од 600 метри и поставиле кабли за струја

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, еден Австриец и еден гевгеличанец, откако заедно ископопале канал од околу 600 метри и поставиле кабли за струја на дел од потегот од село Пепелиште кон село Војшанци, Неготино, со што ја оштетиле оваа општина за над 1,5 милион денари.

„Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, В.М. од Австрија, одговорно лице во правното лице и Р.М.(52) од Гевгелија, раководител на подружница на правното лице во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. На 13.05.2026, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, а подоцна и градежен инспектор од општина Неготино, констатирале дека пријавените извршиле ископ на канал од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на дел од потегот од село Пепелиште кон село Војшанци, неготинско, а градежните активности ги отпочнале пред да бидат исполнети законските услови, односно пред да биде платена изготвената пресметка на надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 1.502.981 денари и пред да добијат одобрение за градба, за што претходно инвеститорот поднел барање до Општина Неготино“, соопшти МВР.

Полицаец од Битола поништил налог за незаконски паркирано „ауди“ на брат му – лажел дека возилото е на МВР

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот