15 C
Скопје

Кујтим Фејзулаи се подготвувал за нападот во Виена уште од јули, калашниковот го купил од земја од ЕУ

Покрај Кујтим Фејзулаи, атентаторот од Виена чиј идентитет го потврди австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, другите осомничени се од Косово, Бангладеш, Чеченија и австриските локалитети Св. Пелтен и Медлинг објави порталот Хеуте.

Потврдено: Извршителот на нападите е Кујтим, роден во Виена со потекло од Македонија

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека атентаторот убиен од полицијата во Виена има 20 години и има потекло од Северна Македонија.

Кујтим Фејзулаи, кон средината на јули заминал во Словачка за да набави калашников. Таму отишол со автомобил кој е во сопственост на мајка на еден од осомничените.

ФОТО: Твитерџија го најавил терористичкиот напад во Виена со пораки кои влеваат страв во коски

Досега, според министерот, извршени се 15 рации и уапсени се неколку лица. Атентаторот имал австриско и македонско државјанство. Атентаторот, според властите, несомнено бил приврзаник на „Исламската држава“.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од Виена: Терористите пукаа во случајни минувачи низ центарските улици, граѓаните трчаат во паника

Фејзулаи беше осуден на 22 месеци затвор, на 25 април 2019 година, за обид да замине во Сирија и да се приклучи на Исламската држава. На 5 декември, тој беше ослободен предвремено бидејќи бил осуден како постар малолетник.

ВИДЕО | Андоновиќ: Обичните луѓе и случајните минувачи стануваат цел на терористите

Прочитајте и...  Владата го усвои здравствениот протокол за спроведување на Пописот

Поврзани вести

Здружуваат сили: Есперти од САД и од Кина заеднички во борбата против пандемијата

Слободен печат

Со Оперативниот план за вработување 2021 ќе бидат опфатени 10 279 лица

Слободен печат

Курти со писмо до Нетанјаху и до Ердоган: Ви благодарам за честитките за изборната победа

Слободен печат

Гаф на Османи, на пописот има графа „Бугари„

Слободен печат

Поскапеа дел од цигарите од 5 до 10 денари, ќе поскапат и во јули

Јапонскиот премиер Суга: Можно е продолжување на вонредната состојба во Токио

Слободен печат

Остави Коментар