ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од Виена: Терористите пукаа во случајни минувачи низ центарските улици, граѓаните трчаат во паника

Полицијата соопшти дека нападите биле извршени на шест различни локации во центарот на австриската престолнина. Според официјалните новости, повеќе вооружени лица го извршиле нападот, додека полициските операции сѐ уште траат.

Вознемирувачки снимки масовно се споделуваат на социјалните медиуми на кои може да се воочи колку страотна била атмосферата вечерва во австриската престолнина.

На една од снимките може да се воочи како еден од напаѓачите со автоматска пушка брутално пукаше во случаен минувач.

Друга снимка сведочи за паниката која настанала моментите откако одекнале звуците од експлозијата и пукањето, толпа луѓе трча низ полупразниот плоштад.

Масовно се споделува и снимка од девојка која од својот прозорец случајно го снима моментот кога полицаец беше застрелан, а најверојатно станува збор за една од жртвите која им подлегна на повредите.

Полицијата соопшти дека нападите биле извршени на шест различни локации во центарот на австриската престолнина. Според официјалните новости, повеќе вооружени лица го извршиле нападот, додека полициските операции сѐ уште траат.

 

 

„Во моментов може да потврдиме дека се работи за терористички напад“, изјави министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за австриската телевизија ОРФ. Тој потврди дека неколку лица загинале, а повеќе се тешко повредени.

ВИДЕО I Еден од терористите во Виена снимен како пука и бега, други се предадоа на полицијата

Лидерот на еврејската заедница во Виена Оскар Дојч твитна дека е нејасно дали виенската синагога е мета на нападот или во тоа време била затворена.

За нападот во Виена веднаш се огласи францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ние, Францусите, ги делиме шокот и тагата со Австијците по нападот во Виена. По Франција, ова е пријателска земја која е нападната. Ова е наша Европа. Нашите непријатели мора да знаат со кого си имаат работа. Нема да попуштиме- напиша Макрон.

Mакрон по терористичкиот напад во Виена: Нашите непријатели треба да знаат со кого имаат работа

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вели дека е шокиран и погоден од веста за вечерашниот напад во Виена и им порача на своите граѓани на Виена дека Европската унија е покрај нив.

„Ова е кукавички чин на насилство и омраза”, напиша Бореj на Твитер, изразувајќи сочувство до жртвите во нападот, нивните семејства и сите граѓани на Виена.

Борел: Нападот во Виена е кукавички чин на насилство и омраза

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел испрати сочувство до жртвите и граѓаните на Виена.

Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, истакна тој.

ФОТО+ВИДЕО: Виена под полициска опсада по терористичкиот напад – еден терорист убиен, другиот е во бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот