ФОТО+ВИДЕО: Виена под полициска опсада по терористичкиот напад – еден терорист убиен, другиот е во бегство

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австриските власти се уште не дадоа точна информација колку загинати има, а колку повредени во пукањето вечерва во центарот на Виена.

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер го опиша инцидентот како терористички напад и рече дека еден од напаѓачите загинал, додека другиот е во бегство. Во тек се операции на безбедносните сили, објави Би Би Си.

Инцидентот се случи на централниот плоштад Шведенплац.

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Полицијата ги повика граѓаните на Виена да ја избегнуваат областа и да не користат јавен превоз.

Видео I Еден од напаѓачите во Виена снимен како бега и пука

Блокади се поставени околу центарот на градот. Различни снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како луѓе бегаат додека се слушаат истрели во позадината.

„Во моментов може да потврдиме дека се работи за терористички напад“, изјави министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за австриската телевизија ОРФ.

Специјални сили маршираат низ центарот на Виена / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Министерот изјави дека неколку лица загинале, а повеќе се повредени меѓу кои е и еден полицаец.

Според првичните информации пукањето се случило во уличка во близина на синагогата.

Лидерот на еврејската заедница во Виена Оскар Дојч твитна дека е нејасно дали виенската синагога е мета на нападот или во тоа време била затворена.

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Очевидци за телевизијата ОРФ изјавиле дека мислеле дека се слушаат петарди и отпосле сфатиле дека се работи за истрели од огнено оружје.

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Полицаец кој ја чувал синагогата е повреден, пренесе весникот Кронен Цајтунг.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ I Седум мртви по брутален напад во центарот на Виена, врисоци и локви крв, едно лице се разнесе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот