Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

Сообраќај, автомобили / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. 6.166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари.

Сега ќе се плаќа 8.233 денари за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7.134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9.820, а досега чинеше 8.510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11.878 денари.

За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Како што соопштиле осигурителните компании, новите цени стапиле на сила на 25 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот