ВИДЕО I Еден од терористите во Виена снимен како пука и бега, други се предадоа на полицијата

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Вечерва во Виена дојде до пукање во близина на синагога. Според австриските медиуми, двајца напаѓачи со автоматски пушки започнале да пукаат во близина на верскиот храм во центарот на австриската престолнина.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ I Седум мртви по брутален напад во центарот на Виена, врисоци и локви крв, едно лице се разнесе

Министерството за внатрешни работи потврди дека еден од напаѓачите е мртов, а вториот, по некои информации е во бегство, додека други јавуваат дека е уапсен.

Сè уште е нејасен точниот број на напаѓачи. На социјалните мрежи веќе има снимки од инцидентот. На една се гледа како еден од нив трча по улица и пука од автоматска пушка. На Твитер, пак, кружи фотографија на која изгледа како убиено лице од снимките.

Се рашири и снимка како четири лица се предаваат на полицијата.

Во пукотницата е тешко повреден и еден полицаец. Австриски „Куриер“ јавува за седум жртви, но таквата информација сè уште не е потврдена од официјални извори.

Граѓаните од тој дел на Виена се предупредени да останат во своите домови.

ФОТО+ВИДЕО: Виена под полициска опсада по терористичкиот напад – еден терорист убиен, другиот е во бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот