ФОТО: Твитерџија го најавил терористичкиот напад во Виена со пораки кои влеваат страв во коски

epaselect epa08794007 Austrian police special forces patrol after a shooting near the 'Stadttempel' synagogue in Vienna, Austria, 02 November 2020. According to recent reports, at least one person is reported to have died and three are injured in what officials treat as a terror attack. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Корисник на социјалната мрежа Твитер, со заканувачки твитови неколку пати го најавил крвавиот терористичкиот напад во Виена што се случи вчера.

Борел: Нападот во Виена е кукавички чин на насилство и омраза

Во еден од твитовите, корисникот на оваа мрежа фигурира под името Абдилмунтаќим Ал Ираќи или Лојд Ал Амрики (Abdilmuntaqeem Al Iraqi or Lloyd Al Amriki) во 14:56 часот напиша „Чекајте го изненадувањето“.

Подоцна во 20: 55 часот на Твитер профилот на виенската полиција напишал уште една заканувачка порака во која вели: „Се колнам во Алах уште ништо не сте виделе.“

 

Абдилмунтаќим Ал Ираќи објавил и низа други твитови во кои бара „крв за крв“.

Во друг твит напишал: „Ќе ви влееме страв и ќе ве тероризираме дури и во соништата кога ќе заспиете“.

Во меѓувреме Твитер профилот CtrlSec чија мисија е да го ограничи и уништи онлајн екстремизмот ги повика корисниците на оваа социјална мрежа да го пријавуваат профилот на Абдилмунтаќим Ал Ираќи и секако други корисници кои објавуваат слична пропаганда.

ФОТО: Објавена првата слика од терористот во Виена

ВИДЕО | Андоновиќ: Обичните луѓе и случајните минувачи стануваат цел на терористите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот