ФОТО: Објавена првата слика од терористот во Виена

epa08794162 Austrian police men search two civilian infront of The Wiener Staatsoper (Vienna State Opera) after a shooting near the`Stadttempel`synagogue in Vienna, Austria, 02 November 2020. According to recent reports, at least one person is reported to have died and three are injured in what officials treat as a terror attack. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Пред терористичкиот напад во Виена во кој беа убиени три лица, а бројката на повредени се искачи на 17, на Инстаграм се појави слика на џихадист со многу слично оружје како виенскиот терорист јавуваат виенските медиуми.

 

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од Виена: Терористите пукаа во случајни минувачи низ центарските улици, граѓаните трчаат во паника

Билд пренесува дека австриската полиција сè уште го проверува идентитетот на убиениот терорист, и дека истражителите се сомневаат дека станува збор за лице чија слика е објавена на Инстаграм.

Според Билд, тој вчера на двајца пријатели им испратил снимка од нападот во 2015 година на Шарли Ебдо од 2015 година, кога беа убиени 12 лица.

ВИДЕО: Напаѓачот кој беше застрелан во Виена е радикализирана личност и симпатизер на ИД

Тој на Инстаграм објавил и неколку слики на кои се заколнува на верност на водачот на терористичката Исламска држава. Иако на објавената фотографија неговиот лик е замаглен се гледа дека во рацете држи пушка и мачета, а има и слики со куп муниција.

Фотографијата масовно се споделува на социјалните медиуми

Сликите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Бакијах кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.

ВИДЕО | Андоновиќ: Обичните луѓе и случајните минувачи стануваат цел на терористите

ВИДЕО: Бројот на повредени во терористичкиот напад во Виена се зголеми на 17

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот