Криси Тајген и Џон Леџенд на рацете го истетовираа името на починатиот син: „Не сакаме да го заборавиме…“

Фото: Инстаграм

Славниот пар го истетовира името „Џек“ на внатрешната страна од рачниот зглоб…

Музичарот Џон Леџенд (41) и неговата сопруга, манекенката Криси Тајген (34) го истетовитаа името на својот мртов син, кој го загубија при спонтаниот абортус на 30 септември оваа година.

Имено, парот сакал да му одаде почит на синот кој беше предвремено роден во 20-та недела од бременоста, а фотографиите од тетоважите ги објави нивниот тату мајстор.

– Џек. Моето срце е со вас и ви ја испраќам сета љубов, напиша Стоун кој ги тетовираше и им посака тие поскоро да закрепнат од загубата.

Фото: Инстаграм

Тајген која несреќно го загуби своето дете, во емотивна објава на Инстаграм откри дека таа и Џон планирале на бебето да му го дадат името Џек.

Сентименталната тетоважа е напишана на истиот фонт како и останатите нивни тетоважи кои ги поседуваат на телата – тетоважи кои си ги посветија еден на друг, но и на своите деца, ќерката Луна и синот Мајлс.

– Не сакам никогаш да го заборавам Џек. Им благодарам на сите што беа толку љубезни. Им благодарам на неверојатните доктори кои толку се потрудија за нас. Им благодарам на моите пријатели и семејството што се грижат за мене во текот на сите овие промени и и благодарам на случајните прегратки, напиша таа во есејот во кој опиша што точно се случило.

Instagram

– Ти благодарам Џон, што си ми најдобар пријател и љубов во животот. Многу луѓе мислат на жената во вакви моменти, но никогаш нема да заборавам дека Џон исто така страдаше во текот на изминатите месеци, правејќи се и грижејќи се за мене. Ти си ми сродна душа. Те сакам, му напиша Криси Тајген на својот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот