Кралицата на кантри музиката и раперот Еминем влегуваат во Куќата на славните на рокенролот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кралицата на кантри музиката Доли Партон, раперот Еминем и дуото „Eurythmics“, како и Карли Сајмон влегуваат во Куќата на славните на рокенролот (Rock and Roll Hall of Fame), американскиот храм на рок и поп музиката.

Куќата на славните вчера ја објави номинација за 2022 година, во која се вклучени и британската музичка група „Дуран Дуран“, рок пејачот Пет Бенатар и пејачот и текстописец Лајонел Ричи.

Доли Партон (76) влегува во славната институција во Кливленд, Охајо, иако во март изјави дека се повлекува од номинацијата бидејќи не ја заслужува.

Но, храмот на рокенролот ја номинираше кантри кралицата за нејзината „кариера како пионерски композитор“, за нејзиниот „впечатлив глас“, за нејзиниот „театарски гламур“, за „обожавана икона“ која на Американците им е позната по нејзината хуманитарна работа.

Истакнати протагонисти на кантри музиката како Џони Кеш и Чет Аткинс веќе влегоа во Куќата на славните.

Церемонијата ќе се одржи на 5 ноември во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот