Автомобил - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Крадците имаат нова мета на автомобилите: Крадењето на овој дел може скапо да ве чини

На крадците понекогаш им требаат само неколку секунди за да извршат кражба.

Кражбата на делови од автомобили не е нов феномен, но во последните месеци се појави нов тренд, се почесто исчезнуваат ознаките на производителите од возилата. Она што некогаш беше само естетски детал сега крие скапа технологија, па затоа станало примамлива цел за организирани криминални групи.

Во многу американски градови, особено во Њујорк, се забележува зголемување на кражбите на амблеми од новите возила на марки како Мазда, Хонда и Хјундаи.

Проблемот не е во самата ознака, туку во радарските сензори кои често се поставени веднаш зад неа. Тие сензори се клучен дел од напредните системи за помош на возачот (ADAS), кои овозможуваат автоматско кочење во итни ситуации, адаптивен темпомат и одржување безбедно растојание.

Фото: Редит

Бидејќи ваквите системи од 2024 година се задолжителни за сите нови возила регистрирани во Европската унија, постои страв дека трендот на кражби може да се прошири и на европскиот пазар, пренесува „Б92“.

Замена на украдениот или оштетен сензор не е евтина, делот обично чини од 500 до 1.500 евра, а дополнителната калибрација на системот по монтажа чини уште 200 до 500 евра.

Вкупниот трошок за сопствениците така може да достигне околу 2.000 евра, иако на крадците понекогаш им се потребни само неколку секунди за да го направат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот