Лидс ја прекина негативната серија на порази во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Коронавирусот одложи два натпревари од Премиер лигата на „Боксинг деј“

Два натпревари од 19. коло во Премиер лигата, кои се играат на „Боксинг деј“, се одложени поради пандемијата на коронавирус, објавија организаторите на натпреварувањето.

Организаторите на Премиер лигата не сакаа да го одложат целото 19. коло кое традиционално се игра на „Боксинг деј“ на 26 декември.

Натпреварите Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Ватфорд се натпреварите кои нема да се играат во недела бидејќи одреден број на играчи се заразени со омикрон варијантата на коронавирус.

Пандемијата им создава големи проблеми на организаторите на англискиот фудбалски шампионат, па од почетокот на декември откажани се 10 натпревари од Премиер лигата – дури шест во претходното коло.

Во периодот од 6 до 12 декември во Премиер лигата се забележани дури 42 позитивни резултати од 3.805 направени тестови, што е најголем број заболени од почетокот на редовното тестирање во мај минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот