Колку витаминот А е важен за телото?
Витаминот А претставува многу важна хранлива материја која бара присуство на масти во исхраната со цел да се асорбира во дигестивниот тракт.
Се јавува во два облици – ретинол, кој исклучиво се наоѓа во намирниците од животинско потекло, и каротин кој пред се може да се најде во намирниците од растително потекло.
Витаминот А е неопходен за јак имунолошки систем, како и за правилен раст и развој.
Допринесува за здравјето на очите, кожата, косата, забите и коските.
Овој витамин се покажа како силен антиоксиданс, ги ублажува запаленијата и го штити организамот од штетното дејство на слободните радикали.
Како најдобар извор за витамин А се сметаат слаткиот компир, тиквата, морковите, спанаќ, кељ, блитва, цвекло, домат, кајсии, праски, како и рибиното масло.