Кога Наоми Кемпбел ќе ви каже што треба да правите – тука нема простор за грешка: Манекенката ја откри својата бјути рутина!

Profimedia
Фото: Profimedia

Кога ќе се спомене природна убавина, многумина најпрвин помислуваат на прекрасната Наоми Кемпбел. Таа започнала да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст, а статусот на супермодел го добила кога станала првиот црн модел на насловната страница на францускиот „Вог“. Со својата појава и соработка со најголемите светски дизајнери, Наоми одбележа цела една деценија, а се до денес успеала да ја задржи убавината и изгледот кој го имала на врвот на кариерата.

Манекенката неодамна наполнила 50 години и на читателите на „Вог“ им открила неколку тајни за својот феноменален изглед.

Ова е само дел од нејзината бјути рутина:

epa06424249 Naomi Campbell arrives for the 75th annual Golden Globe Awards ceremony at the Beverly Hilton Hotel in Beverly Hills, California, USA, 07 January 2018. EPA-EFE/MIKE NELSON

Никогаш не прескокнува отстранување на шминка

„Секојдневно ја чистам кожата, а секоја вечер пред спиење ја отстранувам шминката. Кога се занимавате со јавна професија, лицето мора да биде нашминкано, а целата шминка продира во порите. Кога не работам, се трудам воопшто да не се шминкам. Обожувам кога кожата ми е чиста, без ниту еден грам шминка“, вели Кемпбел.

Секогаш користи хидратантна крема

Хидратацијата за Наоми е најважна, а советот секогаш да води грижа за влажноста на кожата на лицето и телото го добила од својата мајка. За својата кожа, манекенката започнала да се грижи уште во детството пред да започне да се занимава со моделинг.

Instagram

Претпочита блескава кожа

Наоми вели дека го сака блескавиот и сјаен изглед на кожата. Како што истакнува таа, сувата мат кожа додава неколку години плус.

Користи навлажнувач со цинк

Своето разубавување, Кемпбел го започнува со прскање на лицето со навлажнувач на база на цинк. Цинкот е познат по своите антиинфламаторни својства и помага во спречување на настанување на акни.

Фотографија: Profimedia

Пред нанесување на серум, секогаш користи ролер за лице

По нанесување на спрејот со цинк, Наоми користи дермаролер бидејќи на тој начин кожата многу подобро ги впива хидратантните серуми. Според зборовите на дерматолозите, тоа е сосема оправдано – употребата на ролер ја зголемува апсорбцијата на хранливи материи од 4 на дури 70 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот