Киднапиран овчар во Катланово, тројца во Ченто го тепале и му се заканувале

Фото: МВР

Во петокот во 23 часот во Полициска станица Гази Баба, Х.Р. (39) од с.Отља-Липково пријавил дека околу 17 часот додека чувал овци на местото викано „Блокови“ во близина на Катланово дошле неговите поранешни работодавци Б.А., Б.А. и Х.А. со патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и поради тоа што не сакал повеќе да работи кај нив, со закана го внеле во возилото и физички го нападнале, по што го однеле во населбата Ченто, каде без негова согласност го држеле околу еден час.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот