Ќе ни донесе ли борењето нов олимписки медал?

facebook.com/AMSMacedonia

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција на која учество земаа директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Боречка федерација, Бетим Вренези и освојувачот на бронзениот медал, Могамедгаџи Нуров.

– Ова е историски момент, и прва обезбедена норма за Олимписките игри во Токио, и во таа насока сакам да изразам голема благодарност од мое име и од името на Агенцијата за млади и спорт. Во соработка со Боречката федерација обезбедивме беспрекорни услови за припремниот период, контролните натпревари, како и настап на борачите на меѓународните натпревари и сето тоа вроди со плод – се зборовите на Каевски.

Тој додаде дека спортот е алатка за премостување на различностите, особено во една мултиетничка средина како што е нашата. Со освоената бронза на светско првенство, Нуров станува добитник на стипендија од светска категорија на Агенцијата за млади и спорт.

Нуров истакна дека медалот е очекуван, иако патот до него воопшто не бил лесен. Тој се заблагодари на сите членови на Боречката федерација и Агенцијата за млади и спорт за одличните услови, со надеж за олимписки медал за нашата држава. На прес конференцијата свое излагање имаше и претседателот на боречката федерација Бетим Вренези, кој беше дециден во намерите на федерацијата да го врати борењето на врвот на спортовите кај нас. Првиот и единствен досега медал од Олимпијадите го имаме пред 19 години токму во борењето кога во Сиднеј Могамед Ибрагимов го освои бронзениот медал.

– За една година обезбедивме две бронзи во кадетска и сениорска конкуренција. Ова што го направи Нуров е огромен успех, тој се избори со 35 илјадна публика, но и со неговите противници и судии, што е за пофалба – рече Вренези.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот