Нуров е првиот Македонец со олимписка норма за Токио

facebook/Wrestling-БОРБА-Борење-Macedonia

Македонија го доби првиот спортист кој обезбеди норма за настап на Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат идната година. Борачот Магомедгаџи Нуров по победата во репасажот од 2:1 над Николаи Чабан од Молдавија на Светското првенство во борење кое се одржува во Казахстан, доби шанса и  да се бори за бронзениот медал. Негов противник во категоријата до 97 килограми ќе биде домашниот борач Алишер Јергали.

Нуров е првиот македонски спортист по пауза од 12 години кој има олимписка норма. Последни кои го сторија тоа беа кајакарот Атанас Николовски и борачот Мурат Рамазанов за Олимписките игри во Пекинг 2008 година. На претходните две Летни Олимписки игри, во Лондон (2012 година) и Рио де Жанеиро (2016), македонските спортисти настапија со специјални покани и валјд карти.

На СП во Нур Султан (поранешна Астана), македонскиот борач прво го совлада Хосам Мерџани од Египет со 9:1, потоа беше подобар од Хозе Даниел Дијаз од Венецуела со 7:2, а загуби од еден од најдобрите светски борачи, Русинот Абдулрашид Садулаев со 0:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот