Каратистите кадети, јуниори и У21 на Европско првенство во Финска

Јанчовска и Костов со амбиции за освојување медал на ЕП во Финска/Фото: Агенција за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт го најави настапот на каратистите во три возрасни категории на 48 Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое ќе се одржи во Тампере, Финска.

Македонската репрезентација ќе настапи во полн состав во кати и борби.

– Агенцијата за млади и спорт го следи и ќе го вреднува секој успех на каратистите. Се надевам на освојување на медали и на ова континентално натпреварување со цел одржување на континуитетот на успешни настапи на каратистите во сите возрасни категории – рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

На прес конференцијата со свои очекувања излегоа и селекторите Кузмановски и Андриевски кои беа едногласни дека финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт овозможува репрезентацијата да настапи во полн состав.

Очекувањата се освојување на медали, особено во категорија на У21, каде настапува двократниот медалист од изминатото европско првенство Бојан Костов, како и во делот на кати, чиј претставник е Каролина Јанчовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот