Протест на угостители пред Владата / Скопје, 24 февруари 2021 г. / Фото: Драган митрески / Слободен Печат.

Јадењето и пиењето поскапуваат, ама барем спиењето е поевтино

Во декември, споредено со истиот месец лани, кафеаните во Македонија значително поскапеле, но вкупниот процент на раст на цените во угостителството е само 3,5 отсто бидејќи во меѓувреме поевтинило ноќевањето во сместувачките капацитети и тоа за 12,1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Цените на храната во угостителството пораснале за 7,8 отсто, на алкохолните пијалаци за 8,7%, а безалкохолните поскапеле за 5,3%.

Во целата 2025 година, во однос на претходната 2024 година, цените во угостителството се зголемени за 4,8 отсто. Притоа, храната поскапела за 6%, алкохолот за 6,9%, а безалкохолните пијалаци – за 5,9%, вели државната статистика.

Клековски објави „симболично“ поскапување во здравството – од 380, специјалистички преглед ќе чини 720 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот