Сашо Клековски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Клековски објави „симболично“ поскапување во здравството – од 380, специјалистички преглед ќе чини 720 денари

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, денеска на средба со новинарите рече дека по повеќе од една деценија, тој и другите надлежни одлучиле да се зголемат цените на услугите во државните болници, односно партиципацијата за осигурениците на ФЗО – за основниот специјалистички пакет, како и за интернистичкиот пакет.

Клековски најави дека специјалистичкиот преглед, кој досега чинеше 380 денари, сега ќе се плаќа речиси двојно поскапо и ќе чини 720 денари.

За интернистичкиот пакет, поскапувањето ќе биде „симболично“, најави Клековски, кој одбра да го претстави преку минимални суми од 40 и 60 денари, без да наведе дека услугите сепак ќе поскапат за 50 проценти, односно ќе чинат за една половина повеќе од досега. Со ова, надлежните планираат да соберат околу милијарда денари (16 милиони евра) повеќе во државната здравствена каса секоја година.

„Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу милијарда денари на годишно ниво, 80 проценти во јавниот и 20 проценти во приватниот сектор, бидејќи имаме јавен и приватен специјалистички сектор. Интернистичкиот пакет е со помал ефект, ќе биде плус околу 340 милиони денари (околу 5,5 милиони евра, н.з.). Ќе има симболично зголемување на партиципацијата, и од 40 ќе изнесува 60 денари“, рече директорот на ФЗО.

На средбата со новинарите, директорот на ФЗО најави дека идната година се планира позитивната листа на лекови да биде проширена трипати, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот